Очигледно Владата не презема ништо, не правите ништо. Затоа ви кажувам врзете ги кучињата, тие се дел од вашата коалиција, тие кучиња мора да бидат врзани, му порача претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, кој се појави на протестот на новинарите пред Владата.
Поповски рече дека осудува секаков вид напади врз новинари. Рече дека Владата има нула толеранција кон заканите и порача дека новинарите слободно треба да си ја вршат работата.