Денеска заедно со Амбасадата на Руската федерација одбележавме 221 година од раѓањето на рускиот и светски поет Александар Сергеевич Пушкин.
За таа цел, во паркот кој го носи името на големиот поет, заедно со амбасадорот на Руската федерација, Н.Е. Сергеј Баздникин, почесниот конзул на Руската федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски и со претставници од Катедрата за руски јазик и книженост при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ положивме цвеќе пред бистата на основоположникот на современиот руски литературен јазик, великанот Александар Сергеевич Пушкин. Воедно, со ова одбележување го прославивме и Денот на рускиот јазик.
Оваа година поради пандемијата не ја организиравме традиционалната културна манифестација „Пушкинови денови“, но верувам и ветувам дека следната година, денот на раѓањето на Пушкин повторно ќе не собере во паркот кој го носи неговото име.
Во оваа прилика, со цел за побрзо справување со вирусот Ковид 19, уште еднаш замолувам во целост да се почитуваат препораките на Владата.