Јапонската Влада предложи нова енергетска стратегија која предвидува висок удел на нуклеарната енергија во енергетскиот микс. Предлогот следува и покрај предизвиците со кои се соочи земјата по катастрофата во нуклеарката Фукушима. Во нацрт-стратегијата за енергетика се вели дека нуклеарната енергија до 2030 година треба да има удел од 20 до 22 проценти во вкупното производство на енергија, а обновливата енергија меѓу 20 и 24 проценти, што е во согласност со целите на јапонското Министерство за трговија од 2015 година.
![Јапонија ќе го зголемува уделот на нуклерана енергија во енергетскиот микс](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2018/05/Јапонија-ќе-го-зголемува-уделот-на-нуклерана-енергија-во-енергетскиот-микс.jpg)