Членството во Европската унија и НАТО за младите во Република Македонија значи поквалитетно образование, подобар образовен систем, можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, пристап до европските образовни и младниски програми. Сето тоа, значи, подобро платени работни места и подобар живот, порача заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.
„Сите се залагаме за поквалитетно образование. Со нашиот европски пат ќе добиеме поголем пристап до европските образовни младински програми и можност за студирање на најдобрите универзитети. Истовремено, ќе ги надградиме нашите образовни стандарди преку европските проекти, Еразмус плус и други. Ќе изградиме подобар образовен систем, а нашата крајна цел е европско образование, овде во Македонија. На 30-ти септември бараме поддршка од сите млади, поквалитетно образование ќе значи подобро платени работни места и подобар живот.“, изјави заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.