ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за загубените животи од ковид-19 во земјава.
„Бројката на заболени од корона вирусот ја надмина психолошката граница од 4.000 заразени наши сограѓани. Во последниот период секој ден имаме од 150 до 200 нови случаи на коронавирус, а СДСМ сѐ уште мисли како набрзина и шверцерски да организира избори.
Вчерашниот ден е најцрн ден од почетокот на пандемијата со 9 починати пациенти. Македонското здравство колабира, а пациентите не може да дојдат на ред за лекување.
Повеќе од очигледно е дека на СДСМ не му е дојдено до здравјето на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев се подготвени да газат врз мртви луѓе за свои теснопартиски интереси. СДСМ го интересираат само брзи избори без обезбедени услови безбедно гласање на граѓаните што ќе допринесе за мала излезност и собрание без потребен легитимитет“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ има два јасни услови за одржување на избори а тоа се јасни протоколи за заштита на граѓаните и мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна и да воспостави мисија во Република Македонија со која што ќе ги оценува понатаму изборите и избирачкиот процес.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати избори за време на пикот на епидемијата која никако не стивнува во кои ќе се ризикува здравјето на сите граѓани на Република Македонија“, се додава во партиското соопштение.