Синоќа по полноќ во близина на бензинска пумпа од Прилеп, патничко возило со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.