Новата градинка Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални, објави предмалку градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености.

Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа. Убава е нели?