Директорот на Агенцијата за млади и спорт, 29-годишниот Дарко Каевски е назначен за нов претседател на СДММ – младинската организација на владејачката партија.

Каевски беше избран за наследник Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош.

– Пред нас се клучни денови за нашата иднина. Имаме историска шанса да ја обезбедиме иднината како полноправна земја членка на НАТО, а потоа и на Европската унија. За тоа е потребен успешен референдум на кој граѓаните ќе се определат За европска Македонија – истакна Каевски.

На конвенцијата на социјалдемократската младина се обрати премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Првиот тест за тебе Дарко се следните 20 дена до референдумот на 30 септември. Прави што ќе правиш, активирај ги сите, соработувај со сите, мотивирај ги сите! Да потврдите другари, дека СДММ е солидарна младина, која работи над партиските интерси, кога се во прашање државните интереси – му порача претседателот на СДСМ на Каевски.

На изборната конвенција денеска пред присутните се обрати досегашниот лидер на младите социјалдемократи, Стефан Богоев.