Членовите на новиот состав на Комисијата претпладнево дадоа свечени изјави во Собранието. Партиската поддршка завршува со избор на членовите на ДИК, потоа сите мора да постапуваат согласно со Уставот и со законите. Александар Даштевски, новиот претседател на Државната изборна комисија, денеска со новиот состав пред медиумите рече дека ќе започне постапката за набавка на терминали за читање на отисок на прст.

.-Јас сум, практично, „најнепартиски“ од сите во ДИК, затоа што не сум формално член на ниту една партија, изјави Александар Даштевски, кој на предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше избран во Собранието за претседател на новиот состав на Државната изборна комисија, во која, освен него, има уште тројца нови членови, како и тројца кои се реизбрани на функциите.

Членовите на новиот состав на ДИК претпладнево дадоа свечени изјави во Собранието, по што Даштевски најави дека в понеделник ќе се соберат на прва седница и ќе го договорат начинот на работа во наредниот период.