Гласањето вчера помина одлично без никаков проблем. Одличен почеток за овој изборен процес. Денеска избирачките одбори нема да носат заштитна опрема – скафандери, односно, бидејќи се работи за лица кои се третираат како болни и изнемоштени – повозразни лица, како и затворениците, ќе носат само маски и ракавици, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

-Граѓаните видоа и вчера, а ќе видат и денес дека преземени се сите безбедносни протоколи. Нема никакво броење на гласовите од вчерашниот ден. Сите оние шпекулации кои се појавија на социјалните мрежи се чисти шпекулациии и невистини, додаде Деркоски.