За разговорите кои деновиве беа пласирани на интернет порталите во кои се слушаат гласовите на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Обвинителсвото за гонење организиран криминал нема да поведе постапка, истакна денеска обвинителката Вилма Русковска по рочиштето за „организаторите на настаните од 27 април“ и додаде дека смета оти тоа е во надлежност на ОЈО Скопје.
Русковска потсети дека законска должност е на секој кој што има сознанија, а особено документи за сторено кривично дело од страна на кого било, да мора да го пријави или во полиција или во Обвинителство, во спротивно самиот прави кривично дело.
Обвинителката информираше дека е при крај анализата од двата разговора кои ги доставил Антонио Милошоски и дека за одлуката на Обвинителството јавноста ќе биде запознаена кога таа ќе биде објавена.