Зоран Заев вчера од Струмица, упати благодарност до Тодоров, зошто низ годините како министер бил вклучен во изградбата на струмичката болница и веднаш вмровските портали почнаа да пишуваат дека се во коалиција. Во истото обраќање Зоран Заев малку пред тоа го пофали и Таравари зошто како министер за здравство и тој даде свој придонес во изградбата на болницата во Струмица.

Па според вмровската логика дали Заев е во коалоција и со Села? Претходно вмровските портали пишуваа дека Заев е во коалоција и со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Па според вмровските пишувања Заев успеал во коалиција да влезе со сите политички субјекти во државата освен со вмро и дуи. А го знаеме криминалното минато на коалоцијата вмро и дуи, изолирани сами знаат како ќе пројдат .

Па оттука е нервозата последниве денови кај вмро и не сака да оди на избори зошто знаат дека ги очекува сигурен пораз. Додека кај дуи нервозата е уште поголема зошто за прв пат после 17 години се втор албански политички субјект. Коалицијата АА на последните анкети добива блага предност пред дуи со тенденција да расте.

Едно е јасно, на 5ти или 8ми јули, со чист мандат, нов мандатар ќе биде господинот Зоран Заев!

 

ФБ статус на Круме Смилков