Поради новите мерки кои ги воведоа грчите надлежни органи за превенција од КОВИД-19, а се однесуваат и на професионалните возачи, има километарски колони возила на влез во Грција преку единствениот отворен граничен премин Богородица – Евзони.
Имено, воведен е лимит за дневен влез на возила, брзи тестови на граница, пријавување со електронски формулар, и работно време од 07 до 19 часот.
Имајќи го во предвид фактот што најголем процент од увозот и извозот се одвива преку овој граничен премин поради директната поврзаност со Солунското пристаниште, овие рестрикции ќе се одразат негативно не само врз транспортот туку и воопшто на економиите на двете земји.
Поради новонастанатата состојба денес изјава за медиуми дадоа Генералниот секретар на АМЕРИТ, Лефтер Андонов и Генералниот секретар на ОФАЕ, Апостолос Кенанидис.
Во продолжение проследете ги изјавите.