Бесрамникот, на кој Камчев му плаќал се`, па дури и вода и кабелска, кој попречувал Закон за ЈО за да го спаси од затвор финансиерот од ,,Империја”, се запрашал ли некогаш со кој образ ќе живее после 15 јули? Истиот Мицкоски, кој, никогаш не се огради од монструозните злодела на ВМРО-ДПМНЕ, а кој СДСМ ги обвинуваше за некрофилија, сега самиот преку покојници сака власт ,,возејќи” се преку нивните мртви тела.

Сите кои ги споменал за потребите на кампања во Кочани, починаа насилно или на друг начин, во времето на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Меѓудругото и во време кога Мицкоски е ген.секретар или директор на ЕЛЕМ.

Знае ли Мицкоски дека смртта на Младенов е затворена како ,,несреќен случај”, според достапните сознанија и доказите со кои располагаше ЈО, откако поминаа години по несреќата? Не беа пронајдени нови докази, па и жена му се помири со несреќа.
Кој внесува немир во нивните животи сега во предизборна кампања

Ги споменал и родителите на Нешковски. Во множина-родителите. Знае ли овој Мицкоски дека татко му на Нешковски умре од тага и дека нема веќе ,,множина”? Очигледно е дека нема поим.

Ги споменал и децата на загинатите полицајци во Диво Насеље.
Кое Диво насеље, Мицкоски? Она истото кое се случи во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога Заев ве разнесуваше со ,,бомби”, во времето кога директор на Агенција за разузнавање (АР) беше твојот министерски кадар, #Наќе #Чулев, кој, гледа ,,отсјаји”, му паѓаат хеликоптери и кој ти дава броеви од помошници за да се јавуваш во МВР кога сакаш?

За истото ,,Диво насеље”, за кое сегашното раководство на АР кажа дека вмровската гарнитура од Агенцијата не било искрена со обвинителство, па по обемно собирање податоци сега предаде нови сознанија до ЈО за да се расчисти докрај кој го нарача и кој ги уби полицајците?

Мизерии!

 

Пишува: Јорданка Ивановска – Јоци