Директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска , преку социјалните мрежи јавно изрази благодарност на доктор Трајче Нешковски, кој бил од голема помош и силна поддршка за време на лекувањето од Ковид-19.
“Голема помош и моја силна поддршка од срце му благодарам на мојот драг пријател и доктор Трајче Нешковски.
Неуморни и трпеливи, бестрашни, а сепак само луѓе, тоа се здравствените работници. Ви се поклонувам на сите вас.
Да не заборавиме дека и тие се нечии пријатели, сестри, браќа, мајки и татковци, нечии деца.
Да се грижиме за нив како тие што се грижат за нас.
Да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот и да им помогнеме!” напиша Лукаревска на ФБ.