Ме радува фактот што и општина Пробиштип и поранешната општина Злетово, оваа година се еден од примерите за имплементација на Планот за чист воздух, согласно нашите заложби, да не постои административен објект на државна институција којшто ќе загадува, изјави денес, Јани Макрадули, Заменик министер на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Со поддршка на Планот за чист воздух, оваа година, во општината Пробиштип се инвестира во проекти од трите негови клучни столбови:
1. Енергетска ефикасност во ЈУДГ “Изворче”
2. Замена на нееколошки начин на затоплување во ОУ „Никола Карев“
3. Хортикултурно уредување на дворната повешина во ЈУДГ “Гоце Делчев”
Имплементацијата на мерката за замена на начинот на затоплување на ОУ “Никола Карев” донесува заштеда од 30 илјади евра на досегашниот трошок за нафта, истовремено и 40 кг помалку емитувани ПМ честички во воздухот, додаде Макрадули.
За ЈУДГ “Изворче”, имплементацијата на оваа мерка ќе значи 30% пониски сметки за електрична енергија, подобрување на условите за работа и престој, како и намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата.
Планот за чист воздух е план кој овозможува еколошка заштита и економска заштеда.