![vesna-janevska-2-scaled-1-1068x601](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2025/02/vesna-janevska-2-scaled-1-1068x601-1-696x392.webp)
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува на 3 и 4 февруари 2025 година во Будимпешта.
Јаневска ќе се обрати на две панел дискусии посветени на важноста и можностите за продлабочување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во областа на образованието и иновациите, како и зајакнување на релациите помеѓу регионот и Унгарија.
Министерката ќе се сретне и со раководството на унгарскиот одбор за акредитација на високото образование, а ќе го посети и Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ.