При денешните напади во Киев, погодена е и македонската амбасада.

Според нашите информации, целта на нападот била Агенцијата за разузнавање во Киев, но во тој напад била погодена и амбасадата.

Причинета е само материјална штета, но за среќа нема повредени.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

Воедно, Министерството денеска информира дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

– При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.