Доброинформираните грчки медиуми објавија дека решението за надминување на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, без разлика кога ќе се постигне, наводно веќе е договорено заеднички да се потпише во Преспа.
Двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, денес ќе имаат тет-а-тет средба на сиамитот во Софија. И во двете земји постои воздржан оптимизам, па и владитe со последните изјави само ја нагласуваат важноста и неизвесноста на резултатот од средбата, но и најавуваат дека има уште време и простор за конечен договор.