Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде 5, а максималната 24 степени. УВ=6
Во Скопје променливо облачно со дожд. Минималната температура 10, а максималната 21 степен.
До среда ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од четврток се очекува постабилно и значително потопло време.