Американскиот ланец на кафулиња „Старбакс“ објави кокурс со награда од 10 милиони долари за нов дизајн на пакувањата што би бил полесен за рециклирање. Чашите за кафе се кошмар за животната средина. Повеќето од нив се направени од картон обложен со тенок слој на пластика, наменета да ја задржи топлината на пијалакот и да спречи истекување.
Токму тој слој на пластика е одговорен за тешкиот процес на рециклирање и долгиот 20-годишен период потребен за разградување на чашите.
„Ако секоја година на глобално ниво се дистрибуираат околу 600 милијарди вакви чаши, сигурно наши се шест милијарди“, рече портпаролката на „Старбакс“ за Си-ен-ен, додавајќи дека веќе извесно време работат на ова прашање, но без посериозен успех.
Токму поради нивните неуспешни обиди, компанијата објави нов конкурс за чаша со внатрешен слој од растителни влакна кој исто така може да спречи протекување на течноста.
„Никој не е задоволен од резултатите и одложувањата“, изјави Колин Чепмен од „Старбакс“, изразувајќи надеж дека конкурсот ќе донесе конечно решение.