Развојот и модернизација на целокупната инфраструктура во државата е врвен приоритет на СДСМ и Владата предводена од СДСМ, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид  во градежни работи на експресниот пат Штип-Крупиште и патот Крива Паланка-Ранковце.

Покажавме како се работи, покажавме како се грижиме за доброто на сите граѓани како наша крајна цел.

Овозможуваме брз транспорт на стока како и нови инвестиции и отворање на нови работни места. Преку една милијарда евра инвестираме за нова и модерна инфраструктура во државата.