Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претрес кај Пеце Мирчевски, поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР).

Детали за акцијата се очекуваат во текот на денот, а засега е непознато и дали за поранешниот директор Мирчевски ќе се бара мерка за обезбедување.