Граѓаните заслужуваат современ Клинички центар. Ги повикувам пратениците од опозицијата да соберат храброст и да ги повлечат 2000 амандмани со кои го бликираат Законот.
Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само Законот да не може да помине.Секогаш кога опозицијата сака да направи таква работа обвинува за криминал, за дивоградби. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна.
Претходниот проект што го стопиравме не беше вистински Клинички центар, само нова зграда за интерни одделенија, а останатите Клиники остануваа надвор од новиот блок, тој проект чинеше 120 милиони евра. Со новиот Клинички центар ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, за разлика од претходниот проект, сега е планирано Клинички да се гради на државно земјиште, за што нема да се потребни дополнителни средства за обештетување на приватни имоти како што претходната власт планираше, со изградбата во Злокуќани.
Партиските разлики треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните.