Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека преговорите за членство со Украина во ЕУ може да започнат веќе на почетокот на следната година.

„Ако Украина продолжи со својата добра работа, можеме да го отвориме првиот кластер на преговарачки поглавја на почетокот на следната година, а потоа да продолжиме со другите“, рече Фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста најави дека Украина ќе добие 30 милијарди евра следната година од ЕУ.

„Само Украина може да ги одреди условите за мир, сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се подготви Украина за какви било сценарија“, изјави тој.

Орбан, од своја страна, уште еднаш изрази уверување дека нема решение на бојното поле и дека крајот на војната може да се постигне само со преговори.

Во врска со Сирија, фон дер Лајен и Коста изразија внимателен оптимизам и најавија дека врвните европски дипломати се враќаат во Дамаск како прв чекор за обновување на односите.

Фон Дер Лајен му честиташе на унгарскиот премиер Виктор Орбан и за постигнатиот договор за прием на Бугарија и Романија во Шенген по завршувањето на средбата на европските лидери во Брисел.