Крушевскиот градоначалник, Томе Христоски одговори на лажните обвинувања на Бијлана Проеска од ВМРО-ДПМНЕ.

“Билјана Проеска иако не сакам да ти реплицирам, бидејќи ме повикуваш со име и презиме ќе ти одговорам :

Ова што вадите на сликата е приватна сопственост на поранешниот Тутунскиот Комбинат во Крушево и е дело на режимот кој владееше 11 години, требаше да ви кажат пред да ве носат со џипот кога сликавте што е приватна, а што државна сопственост.Тоа беше режим кој направи и остави зад себе зло, пустош, немаштија и иселување од Крушево, тој режим и една иста фамилија го затвори Монополот од кого се хранеа 100тина фамилии.

Ако ме прашуваш лично како граѓанин ова ќе го направам музеј да остане вака, за да се потсетуваат граѓаните, да се гледа остаток од режимот на ДПМНЕ за сите што останаа без работа и оние кои ги бркавте од комбинатот.

Од друга страна како општина Крушево немаме ингиренции да се мешаме во приватна сопственост на било кој станбен објект, додека за патот е изготвен проект за изградба на оштетени, руинирани потпорни ѕидови на главната улица, за кои имаме обезбедено сретства.

Паушални ви се изјавите дека градиме каде сакаме, гледате, но гледаат и граѓаните дека се гради во цела општина, во секое село и градот и секако посебно во оние села каде националистички не сакавте ништо да се чепни и помести.За нас граѓаните се сите исти, не правиме разлика како вас на верска, партиска и друга припадност, па да ги изолираме.

Крушево се гради, но и променува!” напиша Христоски на ФБ.