Модернизацијата и напредокот се предуслов за добар производ, конкурентен на светските пазари.
Забрзаниот раст, развој и стабилност на нашата држава нераскинливо е поврзан со земјоделството.
Денеска со штипските земјделци, сточари и пчелари разговарав за поддршката што државата може да им ја даде за да обезбедат развој.
Во овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, во наредниот период ќе обезбедиме поддршка за земјоделците во износ од 200 милиони евра годишно.
Обезбедивме неселективно, потполно и навремено исплаќање на сите субвенции и инвестиции од ИПАРД, нема веќе понижени, нема веќе уценети земјоделци.
Со мерките во Програмата “Можеме” предвидуваме повеќегодишни договори за користење на пасишта, кои овозможуваат стабилност, планско работење на сточарите и зголемување на сточниот фонд.
Доделуваме дополнителни два денари субвенции за екстра квалитетно млеко, што е значајна дополнителна поддршка за краварите.
За пчеларите овозможивме да аплицираат за државно земјиште и да добијат концесија за поставување на пчелни семејства.
Пчеларите добиваат субвенции ако имаат најмалку 10 пчелни семејства, а претходно за да добијат субвенции мораа да имаат најмалку 30 пчелни семејства.
Бесплатна Зелената нафта до крајот на мандатот 2024!
Само заедно и во соработка ќе дојдеме до успешни и квалитетни мерки.
Покажавме дека работиме домаќински, продолжуваме понатаму.
Затоа што Можеме уште повеќе, Можеме уште подобро.
ФБ статус на Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски