Се надевам дека наскоро ќе дојде време кога НЕМА да бираме помеѓу партии, туку ќе бираме помеѓу КВАЛИТЕТ. И кај еднa и кај другa партија ќе владее ДЕМОКРАТИЈА и на врвот ќе бидат РАБОТЛИВИ луѓе, ДОМАЌИНИ. А не некои што до власт се грабаат САМО за да украдат и да наместат некој тендер, Изјава денес Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Во политика не се влегува за сопствен бенефит, се влегува за да ПОМОГНЕШ на другите, да и помогнеш на државата да оди напред. За само две и пол години обезбедивме европска перспектива и БЕЗБЕДНА ИДНИНА на нашата држава. Станавме членка на НАТО, влеговме во најмоќниот безбедносен сојуз, партнери сме со НАЈСИЛНИТЕ држави во светот.

Ги почнуваме преговорите со Европската унија, во најкус можен рок ќе станеме дел од европското семејство,додаде Николовски.

Сето ова отвора врати, нуди можности. Сето ова НЕМАШЕ да биде возможно со партија како ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто тие САКААТ држава во која се гледа дали имаш ПАРТИСКА КНИШКА за да бидеш вработен, за да ДОБИЕШ субвенции, за да ти ОДОБРАТ пари за лекување или било што. Ним им одговара клиентелизмот и поданичкото однесување. Да НАВЕДНЕШ ГЛАВА и да добиеш некоја СИТНИЦА ЗА ВОЗВРАТ, додека медот го земаат неколкумина на врвот.

Од среда, со почетокот на изборната кампања која ќе ја водиме согласно сите протоколи за заштита, на нашите сограѓани ќе им ја презентираме програмата за следниот мандат.

За зголемена минимална плата за 40% и просечна плата за 30%. За мерки кои гарантираат развој на земјоделството, на патната инфраструктура, социјалната заштита. За јак здравствен систем и повеќе мир и време за семејството, па во таа насока и недела како неработен ден. Програмата е одлична и едвај чекаме да ви ја презентираме и да ја дискутираме со вас.

Од другата страна се Мицкоски и фејк-њуз ВМРО. За жал, вистинска опасност за државата.

Со неодговорно однесување и негрижа за здравјето на граѓаните, покажаа СЕ ШТО ТРЕБАШЕ во време на ваква сериозна здравствена ситуација, како оваа со коронавирусот.

На Мицкоски на памет не му паѓаше да ги почитува мерките за заштита, си одеше по теретани и кафеани кога тоа беше забрането, организираше јавни собири без заштита и дистанца, СЕ ГРИЖЕШЕ САМО за своите привилегии.

Во таа партрија ништо не е сменето. Мицкоски и друштвото се директни извршители на нивниот ментор од Будимпешта, ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ КООРДИНИРА, Никола Груевски.

Сакаат да не вратат во минатото. Да ја вратат „заробената држава“, да го вратат партизираното судство, да монтираат судски процеси и пресуди, да продолжат со растење на непотизмот и корупцијата.

На 15 јули изборот е јасен.

Да гледаме кон сопствената и иднината на младите или да се вратиме назад кон заробеното минато. Повторно да ја дадеме довербата на опцијата која за само 3 години реши децениски проблеми, или да ги вратиме назад оние кои 11 години ја држеа целата држава во заложништво.

Покажавме дека знаеме и можеме!

Ќе одиме напред сите. Сите граѓани, сите партии, сите ние. Заедно!

А МОЖЕМЕ уште повеќе, МОЖЕМЕ уште подобро.