Територијата на нашата држава веќе се наоѓа под влијание на циклонот ТОДОР а тоа може да го осетиме по облачноста и ветерот кој го имаме.

Во текот на претпладнево ќе има услови за послаби локални врнежи од дожд додека во попладневните часови во западните планински предели како и во населените места кој се во близина на планините ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен и од источен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува: Од 24.04.2018 година од 11:00 часот, автопатот Демир Капија – Смоквица е целосно оспособен за одвивање на сообраќај. За користиње на истиот (во правец Скопје – Гевгелија) на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца- Царина) низ национален парк Галичица, од 30.04.2018, е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.