Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на сите припадници на влашката заедница во РМ им го честита Националниот ден на Власите, 23 Мај.
Во честитката премиерот Заев истакнува дека Влашкиот народ како посебна етничка, јазична и културна заедница, има особено значење и место во заедништвото на народите на Република Македонија и додава дека:
„Придонесот на Власите во историјата, во општествениот и културен развој и во градењето на современата Република Македонија е од непроценлива важност.
Овој голем ден за влашката заедница и за Република Македонија, е составен дел од нашата културна и општествена матрица да ги почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници, како влог во просперитетот на нашата држава и во заедничкиот концепт – Едно општество за сите. Во оваа прилика, дозволете уште еднаш да ги изразам моите искрени желби за добро здравје, разбирање, мир и благосостојба на сите припадници на Влашкиот народ и на сите останати граѓани на Македонија.“ – порачува Заев.
Во честитката од премиерот се вели дека преку негување на вредностите што ги споделуваат сите заедници, да ги издигнеме нашите напори и определби за градење европска и демократска Република Македонија, во која се промовира еднаквост, почитување и заедништво за сите граѓани.