СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.
На 01.09. околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул. „Партизанска” во Охрид.