Герет Бејл летото во 2013 година стана првиот фудбалер чии трансфер ја проби границата од 100 милиони евра. Реал Мадрид за Велшанецот на Тотенхем им платија 101 милиони евра. Седум години подоцна Реал ќе сторат сѐ за да се ослободат од него, подготвени се да го пуштат без обесштетување.

„Марка“ пишува дека и покрај пандемијата поради коронавирусот и вонредните мерки во Шпанија кои ги прекинаа сите фудбалски активности, Реал веќе ја планираат наредната сезона.

Бејл е во тие планови на Реал. Клубот доколку не може да го продаде ќе го пушти без обесштетување само од буџетот да ја тргнат неговата висока плата (17 милиони евра) и да се ослободатт од лошото влијание што го имал врз соиграчите и навивачите.

„Марка“ наведува и една не фудбалска причина поради која Бејл е вишок на „Сантијаго Бернабеу“. Од јануари наредната година, поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, Бејл нема да има статус на домашен играч.

Ла Лига дозволува секој клуб да има најмногу тројца странци на теренот. За тие три места покрај Бејл конкурираат Бразилците Едер Милитао, Винисиус Жуниор, Родриго, Рениер Жесус и Јапонецот Таке Кубо.