Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 41, Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1, Пробиштип 4, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје 1, Прилеп 2, Тетово 2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424

По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1373, активни 760, Куманово 568, активни 150, Дебар 53, активни 2, Штип 223, активни 185, Прилеп 218, активни 25, Тетово 301, активни 135, Струга 106, активни 33, Велес 144, активни 30, Битола 30, активни 3, Охрид 37, активни 20, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 51, активни 29, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 5, активни 2, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 53, активни 22, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 3, активни 2, Кичево 3, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 987 теста се преку: ИЈЗ 381 , ЦЈЗ Скопје 30, Авицена 72, Биотек 163, „Жан Митрев“ 101, Систина со PCR метода 137 и МАНУ 103. Досега во земјата се направени вкупно 3.8014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2, Странец-2.