Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно обраќање истакна дека нема да има ново продолжување на вонредната состојба.

“На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба” рече Пендаровски.