Бегање од избори е очигледно единствената опција на Христијан Мицкоски да си го задржи тронот во партијата. Вин-вин ситуација, ем за СДСМ, ем за него. СДСМ на власт во државата, тој на ,,власт” во партија.
Макар и во опозиција, но во фотелјица со сите вмровски привилегии кои му ги дава Статутот.
Ќе ги остави вмровци надвор од институциите за да ,,подзачисти” во партијата, да ги тргне оние кои него сакаат да го тргнат. Куп незадоволни ќе има за месец-два, кои, очекувале нешто од ,,колачот”.
Барем, тој така си мисли во моментов…дека смислил нешто грандиозно.
Она кое не му текнува, е дека оној момент кога ќе објави бојкот, илјадници луѓе ќе излезат од школката и ќе се приклонат кон СДСМ. И јавно. А, и на тајно, негови вмројни.
Психолошката матрица така функционира.
Победникот зема се`.
Пишува: Јорданка Ивановска-Јоци