Во денешната изјава за италијанската новинска агенција АНСА, нагласив дека за СДСМ здравјето на граѓаните е врвен приоритет.

Изборите ќе бидат организирани во согласност со сите здравствени протоколи и со целосна заштита на здравјето на граѓаните.

СДСМ ќе води здравствено безбедна кампања, во согласност со препораките и мерките за заштита, преку социјалните мрежи, телевизиите, електронските медиуми и другите средства на комуникација. Нашата порака, нашата визија ќе стигне до секој дом, до секој гласач.

Очекувам дека граѓаните, почитувајќи ги сите мерки за заштита, ќе го искористат своето право на глас и ќе се одлучат за понудата која гарантира преговори со ЕУ со брза динамика и за ефикасни институции кои успешно ќе се справат со здравствените и економските предизвици што не очекуваат.

Прогресивните политики на СДСМ имаат огромна поддршка, на 15 јули само уште еднаш ќе ја потврдиме европската и модерна иднина на Република Северна Македонија 🇲🇰🇪🇺.