Денеска го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори на парламентарните избори на 15-ти јули, напиша на ФБ Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тие ќе се 100 проценти здравствено безбедни, со огромно внимание за следење на пропишаните мерки и протоколи. Само така можеме да бидеме поддршка за здравствените работници кои се толку многу пожртвувани на првата борбена линија со вирусот за што мора да сме им крајно благодарни.

Граѓаните ќе излезат на гласање и ќе се определат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ зошто:

Луѓето сакаат европска иднина и прогрес, не изолација и уназадување.

Луѓето сакаат безбедност каква што добивме со членството во НАТО, не сакаат несигурна иднина.

Луѓето сакаат зголемени плати и нормален живот, не сакаат живеење во страв и притисоци.

Програмата е одлична, плановите се цврсти и сигурни. Преговорите со ЕУ ќе отворат врати кои отсекогаш биле затворени за нас.

Одиме напред сите заедно. Доаѓаат убави години