Претседателот Заев на ТВ соочувањето му реплицираше на Мицковски дека на 11 стр. од нивната програма предвидуваат формирање на финансиски зони, државата да стане оф шор дестинација што се коси со ЕУ перспективите на земјата и нивното ветување за отпочнување на преговорите со Европската Унија.
„На страница 11 од вашата програма велите, отворање на финансиски зони. Груевски устав планираше да крши за отворање на овие зони. Планирате оф шор државата да стане со посебна финансиска и правна регулатива?! Да имаме држава за пљачка, оф шор зона тука. Тоа е спротивно и надвор од Европската унија. Од друга страна ќе ја внесувате Северна Македонија во Европа?! Тоа не оди заедно едно со друго. Имате напишано и дека ќе ја ратификувате Инстанбулската конвенција. На 22 декември 2017 Парламентот ја ратификуваше конвенцијата. Вие преродбата ја пресликавте во ова сега што го правите, па дури и насловот ви е исти, само различен збор. Програмата на коалицијата Можеме е убава програма од којашто можете да учите! Чесна и реална програма!“ рече претседателот Заев!