Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми, а во центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 9 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК две пациентки.