Потпретседателот Фатмир Битиќи, во интервју за ТВ Шења, изјави дека од осамостојувањето на државата па се до последните пет години, многу малку е кажано и направено за економијата во земјава, а фокусот е ставен на политиката затоа што во неможноста да се создаде благосостојба за населението, преку политиката јавноста е дефокусирана.
Во Владата има консензус дека нема табу теми во економијата, рече потпретседателот Битиќи и додаде дека секое задоцнување ќе биде загуба за нашите граѓани и за нас како Влада.
Во интервјуто во кое воглавно се зборуваше за енергетската криза и последиците што таа ги носи врз економијата на земјата, потпретседателот Битиќи рече дека фактите покажуваат дека во последните пет години промената се прави, но за жал на граѓаните ова започна со задоцнување, по 12-годишна стагнација од претходниот режим, кој во времето на владеење не се соочи со никаква светска економска криза, како што сега се соочуваме со светската здравствена, економска и енергетска криза.
„Енергетската криза создаде нерамнотежа и буџетски дефицит што не го планиравме. Минатата година потрошивме 250 милиони евра за покривање на потребите на граѓаните, субвенции за 650 илјади домаќинства и за 70 илјади компании кои имаа пониски сметки за енергија отколку што би платиле со реалната цена. Да ја немавме енергетската криза, овие средства ќе беа искористени за развојни проекти“, рече Битиќи.
Потпретседателот Битиќи рече дека кризата со која се соочивме и со која се соочуваме е последица на лоши политики порано направени од другите, но кои сега се подобруваат.
„Во јануари, за прв пат во последните 15 години, 88 отсто од електричната енергија потребна на нашиот пазар произведовме од домашни извори, од термоцентрали, хидроцентрали и од обновливи извори, а само 12 отсто се увезени. Ова не е случено во последните 15 години.“ изјави Битиќи и додаде дека и покрај гласините дека ќе имаме рестрикции и зголемување на сметките, тоа не се случи благодарение на добрите политики на Владата.
Потпретседателот зборуваше и за намалувањето на цените на производите што не се случи и покрај субвенционирањето на струјата од државата, велејќи дека цените се зголемени во шпекулативна мера од оние кои ги тргуваат без основа, велејќи дека закон за солидарност за данок ќе се среди ова прашање.
„Еден од начините е законот за даноци за солидарност, кој помина на пленарна седница и сега ќе биде доставен до комисијата на разгледување, мислам дека сите што имаат екстра добивка ќе бидат оданочени со 30 проценти. Овие финансиски средства ќе им бидат вратени на граѓаните преку антикризни мерки. Сите кои добиле енергија со привилегирана цена од државата се испитуваат колку ги намалиле цените, а за оние кои не ги намалиле цените сме подготвени да ја прекинеме оваа помош и да видиме што понатаму.“ изјави потпретседателот Битиќи, кој во интервјуто на ТВ Шења зборуваше и за информацијата од средата каде што беше соопштено дека просечната плата е 34.364 денари, со што беше исполнето ветувањето дека ќе постигнеме зголемување на просечната плата за 30%.
Потпретседателот Битиќи рече дека од 2012 до 2017 година има зголемување за само 11%, додека во годините 2017-2022 од 44% или во апсолутен износ од 10.514 денари, Владата предводена од СДСМ ја зголемила просечната плата за 4 пати, што значи зголемување на семејниот буџет за нашите граѓани, изјави потпретседателот Фатмир Битиќи во интервју за ТВ Шенја.