Претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весељи тврди дека нема можност за промена на границите во регионот, но сепак, најмногу би сакал на Косово да му припаднат општините на југот на централна Србија – Прешево и Медвеѓа, доколку на тоа се согласи Србија, со тоа што, како што вели Весељи, Косово нема што да ѝ даде на Србија.
„Ништо повеќе не би сакал од тоа Прешево и Медвеѓа да му се придружат на Косово. Ние со задоволство ќе прифатиме билатерален договор ако Србија го пригати тоа, но немаме што да ѝ дадеме на Србија“ рекол Весељи за телевизијата Т7.
Весељи, кој претходно се закануваше дека границите на Косово ќе бидат до Ниш, вели дека отворањето на прашањето за границите на Балканот секогаш значело војна.
Тој нагласува дека Приштина е отворена за опцијата, таканаречената прешевска долина да стане дел од косовската територија, пренесува Газета експрес.