Маестро Мишел Трајковски уште еднаш ја воодушеви музичката јавност со своето ново инструментално дело, кое е насловено „Spring Jazz“. Делото е спој на свежината на пролетта и мајсторството на џез-музиката, создадено во соработка со извонредниот музичар Дамир Имери.

Мишел своето ново дело го најави на својот официјален профил на Фејсбук со следните зборови:
„Почитувани! Ви го претставувам новото инструментално дело со наслов ‘Spring Jazz’. Во соработка со единствениот Маестро Дамир Имери, кој со неговите џезерско-фраерски моменти даде силен белег на ова парче музика.“

Ова музичко парче плени со својата уникатна енергија, каде што звуците на џезот оживуваат во целосно ново светло. Мелодиските линии на Мишел Трајковски и динамичните импровизации на Дамир Имери се вистински доказ за нивната уметничка синергија.

Со „Spring Jazz“, ова дуо испраќа моќна порака дека во креативноста и соработката во музиката немаат граници.