Акцијата, како што посочија од Финансиската полиција, е резултат на повеќемесечна предистражна постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството спроведена во координација со Битолското обвинителство

На повеќе локации во Битола денеска од рано наутро се вршат претреси и се приведуваат осомничени лица во акција која е под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола и Управата за финансиска полиција со полициска асистенција на единиците на МВР.

Акцијата, како што посочија од Финансиската полиција, е резултат на повеќемесечна предистражна постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството спроведена во координација со Битолското обвинителство.

„По завршување на акцијата Управата за финансиска полиција детално ќе информира за предметот“,информираат од Финансиската полиција.