Играчот од средниот ред на Арсенал, Џек Вилшир, отпадна од националниот тим на Англија за вечерашната контролна средба против Холандија во Амстердам.

Вилшир почуствувал болка во коленото за време на тренинг сесијата и нема да биде достапен за менаџерот Герет Саутгејт.

– Тоа не е сериозна работа, но нема никаква причина да ризикуваме. Тој остана во базата на тимот, и се надеваме дека ќе може да ги обнови тренинзит во сабота, изјави Саутгејт.

Англија, исто така, ќе има контролна средба против Италија на „Вембли“ следниот вторник.