Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовки утрово преку социјалните мрежи ги повика СДСМ јавно да кажат со кого направиле парламентарно мнозинство.

„Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии. Еве јавно нека објават СДСМ со кого „се ќердосаа” и имаат парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите „имам мнозинство” не се доволни за влада. Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже. Што сепак и не е нешто ново“ пишува Арсовски на Фејсбук.