На Јутјуб се појавија нови разговори меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска.

 

Тие зборуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство и предметот „Империја“.

-Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега, тој пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходните две недели, испадоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски. И сега јас се борам ваквото СЈО да не помине, автоматски и неговиот најголем предмет, тој „Империја“, вели Мицкоски во разговорот кој е објавен.

Во следното видео, насловено како „Рекет-6“ Мицкоски му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствениот што се бори, а него го тепаат и се вљубуваат во Зоран Заев.

-Да, ама знаеш, ова помалку делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев… сега тој е добриот. А тој сака вака да помине за да ги уценува и понатаму, вели Мицкоски.