Поради одрони на патот кај село Ругинце, од 10:20 часот утринава затворени за сообраќај се патните правци Куманово-Кратово и Куманово-Крива Паланка.

Директорот на Македонија пат, Костадин Ацески предмалку информира дека вработени на Македонија Пат со помош на Страбаг го санираат патниот правец Куманово – Страцин од последиците на големиот одрон.