“Оваа работна недела ја затвораме со уште една успешна реализација на програмата за директни плаќања – исплатени се субвенциите за говеда и пчелни семејства !”, објави предмалку директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Никица Бачовски.

” 8016 одгледувачи на говеда добиваат финансиска поддршка во вредност од 288 милиони денари.

185 милиони денари се исплатени на 5099 баратели кои поседуваат пчелни семејства.

Во една недела се исплатени директните плаќања за сточарскиот и живинарскиот сектор.

Исплатени субвенции за говеда, овци, кози, маторици, пчелни семејства, бројлери и несилки.

Навремено и ефикасно, ” стои во објавата на Бачовски.