Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше победата на Трамп во Њу Хемпшир.

Тој рече дека е „јасно“ дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат во 2024 година.

„Сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. И мојата порака до земјата е дека влогот не може да биде поголем. Нашата демократија. Нашите лични слободи – од правото на избор до правото на глас. Нашата економија – која доживеа најсилно закрепнување од ковид-19 во светот. Се тоа е ставен на коцка, се наведува во реакцијата на Бајден во соопштението за медиумите.

Тој ги покани независните кандидати и републиканците „кои ја споделуваат нашата посветеност на основните вредности на нашата нација – нашата демократија, нашите лични слободи, економијата што на сите им дава фер шанса – да ни се придружат како Американци“.