Поранешниот шведски дипломат, како и екс-премиер на ова земја, кој важи за одличен познавач на Балканот, Карл Билд, утрово објави коментар на социјалната мрежа „Твитер“ кој е поврзан со односите на Македонија и Бугарија

– Ако некој напредок кон Европската унија на Балканот зависи од една или друга држава која наметнува некаква „историска вистина“, можеме да бидеме сигурни дека ништо нема да се случи за следната или дури за следните две генерации, напиша Билд денеска на „Твитер“.

Билд својот коментар го дава споделувајќи текст од „Ројтерс“ во кој се пишува за бугарските најави за вето на Северна Македонија доколу не се решат историските прашања односно ако земјава не признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корени.